И утре се очекува променливо облачно,но ветровито и студено време со значително пониски дневни температури
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд се очекува во текот на денот, најавува УХМР.
Попладне, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот, пак, ќе започне да дува силен ветер од северен правец кој ќе продолжи и во текот на ноќта што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминуваат во слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладнето во делови од Скопската котлина тие да бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.
УХМР за утре, пак, најавува променливо облачно, ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 километри на час. Потоа следните денови времето ќе биде стабилно, в среда и четврток со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
