Ноќта меѓу петок и сабота, во периодот од 23:00 до 04:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје заедно со инспекторри од Државниот трудов инспекторат и од Државниот пазарен инспекторат спровеле акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје.
При контролата затекнати се шест малолетници кои консумирале алкохол. Лицата се приведени, а против одговорното лице се преземаат мерки во содејство со Државниот пазарен инспекторат, пишува во полицискиот билтен.
Вчераутро во 02:00 часот во угостителски објект на подрачје на Центар од полициски службеници приведен е А. Ј. (24) од Кичево затоа што кај него е пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Трудовите и пазарните инспектори при контролата утврдиле прекршоци во однос на неиздавање фискални сметки и прекршување на Законот за пушење, а констатирани се и два прекршока по Законот за приватно обезбедување, за немање лиценца за лице ангажирано како обезбедување.
