Во очекување на денешната седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на која не се очекува да се расправа за внатрешните превирања, туку за формирањето на „Фронтот за Европа“, „огнената група“ објави листа на разрешени функционери обвинувајќи дека „првиот вицепремиер Артан Груби ги разрешува лицата кои мислат поинаку во ДУИ“.
Тие велат дека политичката елиминација била изведена на најбрутален можен начин, на начин како што во време не едноумието, преку ноќ биле менувани „неподобните“ кадри.
„Разликата е во тоа што овие разрешувања, иницирани од гневот на Артан Груби, беа предупредувани од неговите мегафони, клеветнички портали, корумпирани со парите на граѓаните кои никогаш не гласале за Груби. Заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, кадар-модел на ДУИ кој донесе низа победи на Гостивар, после поразите на кампањата на СРМН на Артан Груби. Овој човек е разрешен без никаква забелешка за неговото работење. Ресми Ејупи, Аднан Ејуп, многу директори на клиники, како Алајдин Мемеди, Бесим Кока, Азиз Максути, Ќамил Ковачи, потоа Фикри Алити, Миѓен Селмани, Нехат Нухиу, Ајрула Мустафа и други, беа разрешени само затоа што мислеа поинаку, без никаква причина или евентуален пропуст во нивните должности“,
велат од „огнената група“.
Тие укажуваат дека нивна цел е демократизација на ДУИ и создавање амбиент за соочување на идеите, а не поделеност меѓу сопартијците, како што според нив тоа го прави Груби, само за да ја спаси својата незаслужена фотелја, подвлекуваат „огнените“.
„Овие луѓе што ги гледате на фотографијата никогаш не кажале лош збор за Али Ахмети, ниту пак сега кажуваат. Со своите ѓаволштини, Артан Груби злоупотребувајќи ги медиумите кои што ги контролира, успеа сите обвинувања против него, за апсолутните неуспеси во секоја област, да ги адресира како обвинувања кон Али Ахмети, со образложение дека овие критики не се против него туку против Ахмети“,
велат од „огнената група“.
За нив, целта на Артан Груби е да ја уништи ДУИ однатре, работејќи само за своите амбиции, а на штета на сите процеси кон албанската заедница во Македонија и во регионот.