Повредени лица нема, направена е само материјална штета
Пожар предизвикан од плински уред попладнево избувнал во стан на улицата „Разловечко востание“ во Карпош 4.
Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески, за МИА информира дека пожарот е изгаснат и дека на терен биле испратени три возила и осум пожарникари.
Повредени лица нема, направена е само материјална штета.
Фото: МИА (архива)
