Како што информираа од СВР-Штип, вчеравечер, на час и половина пред полноќ, градоначалникот Јорданов пријавил дека континуирано во неколку наврати добивал закани. Ова траело со месеци, а вчера затекнал и како гумите од неговото возило биле распарчени. Тој пријавил дека делото го сторил вработен во Општината
Вработен во Општината вчера му упатил закана по живот на штипскиот градоначалник Иван Јорданов. Тој инцидентот веднаш го пријавил во полиција.
„Не би сакал да навлегувам во деталите за да не влијаам во постапката. Верувам во институциите на системот, сето она што е пријавено СВР-Штип го има веќе како детали. Станува збор за вработено лице во Општина Штип, кое во минатото е познато на полицијата по вакви случки. Така што оставам на институциите на системот да ја утврдат состојбата“,
изјави денеска Јорданов за новинарите.
Инцидентот го потврдија од полицијата. Имено, како што информираа од СВР-Штип, вчеравечер, на час и половина пред полноќ, градоначалникот Јорданов пријавил дека континуирано во неколку наврати добивал закани. Ова траело со месеци, а вчера затекнал и како гумите од неговото возило биле распарчени. Тој пријавил дека делото го сторил вработен во општината.
„Градоначалник на Општина Штип, пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, гумите на службеното возило, кое го користел градоначалникот, од страна на Ј.М. биле исечени“,
велат од МВР.
Оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.
