Властите и хуманитарните работници соопштија дека многу силни потреси биле почувствувани во Бадакшан и во другите северни области. Портпаролот на Црвениот крст рече дека немаат достапни податоци за штетите во главниот град Бадакшан, но проверуваат други области
Во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала што го погоди северен Авганистан загина најмалку едно лице во соседен Пакистан и предизвика силни потреси во северните делови на двете земји, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот бил на длабочина од 194 километри, а неговиот епицентар бил во планинскиот венец Хинду Куш, во близина на оддалечената северна авганистанска провинција Бадакшан.
„Тринаесетгодишно девојче загина откако ѕид во нејзиниот дом се урна врз неа, а 34 лица се повредени во северниот пакистански округ Сват“,
изјави полицискиот претставник Шафиула Гандапур.
Официјални лица за катастрофи во Авганистан соопштија дека засега нема податоци за други жртви.
Tremors In North India For Many Seconds After Strong Quake In Afghanistan https://t.co/vA0GQpvkn5 pic.twitter.com/gwbi2SaOMR
— NDTV (@ndtv) March 21, 2023
Властите и хуманитарните работници соопштија дека многу силни потреси биле почувствувани во Бадакшан и во другите северни области. Портпаролот на Црвениот крст рече дека немаат достапни податоци за штетите во главниот град Бадакшан, но проверуваат други области.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван на површина од 1 000 километри од околу 285 милиони луѓе во Пакистан, Индија, Узбекистан, Таџикистан, Казахстан, Киргистан, Авганистан и Туркменистан.
#earthquakes #भूकंप pic.twitter.com/mHydMMP9Lp
— Vijay Choudhary (@_vijaychoudhary) March 21, 2023
Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како Индиска плоча притиска на север кон Евроазиската плоча.
Минатата година во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во источен Авганистан загинаа повеќе од 1 000 луѓе.