Тој порача дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги поддржат уставните измени ако се за европска Македонија, а за одрекувањата од страна на нивниот лидер Христијан Мицкоски, Груби нагласи: „Мицкоски не е пратеник, а сите знаеме каква беше лојалноста во минатиот парламентарен состав“
Планот за европска Македонија е амбициозен, знам дека има скептици кои прават разни математики со пратеници, но јас сум убеден дека уставните измени ќе се направат. Знаете дека досега сè што сме кажале, сме реализирале. Ние работиме не само на осигурување на осум пратеници, ние работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени, истакна вицепремиерот Артан Груби од ДУИ во вечерашната „Топ Тема“ на Телма.
Тој порача дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги поддржат уставните измени ако се за европска Македонија, а за одрекувањата од страна на нивниот лидер Христијан Мицкоски, Груби нагласи: „Мицкоски не е пратеник, а сите знаеме каква беше лојалноста во минатиот парламентарен состав“.
„Денеска Македонија е посилна и побезбедна држава и членка на НАТО, во време на војна во Украина, сите се посреќни. Од минатото видовме дека од постигнатите договори, Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за пријателство, имаме само придобивки. За да станеме членка на НАТО, направивме компромис. По Рамковниот договор добивме лојални граѓани, со Преспанскиот добивме веднаш НАТО, со Договорот за добрососедство ги отпочнавме преговорите со ЕУ, еве тече скринингот“,
рече Груби.