На 77-годишна возраст, почина познатиот актер Димче Мешковски.
Веста ја објави Драмскиот театар Скопје со порака „Си замина Мешко“, притоа најави дека ќе се одржи комеморација на 28 март.

Мешковски беше роден на 31 октомври 1945 година во Скопје. Во својата кариера оствари многубројни театарски улоги, меѓу кои и во претставите „Диво месо“, Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“, а имаше и остварувања во филмови, телевизиски серии и радиодрами.
Познат е по неговите улоги во „Македонски народни приказни“, а меѓу најпознатите филмови каде што тој се појавуваше е „Викенд на мртовци“.
Мешковски има добиени повеќе награди за најдобра машка улога, како и наградата „13 Ноември“, наградата за најпопуларно ТВ-лице според анкета на „Ексран“, а меѓу последните што ги доби беше „Војдан Чернодрински“ за животно дело.