Експертите оваа ситуација ја споредуваат со воведот во големата финансиска криза во 2007 и 2008 година, кога во пресрет на глобалниот финансиски колапс пропаднаа две големи американски банки, Беар Стернс и Вашингтон мјутуал. Овие банки имаа слични големини на капитал како и сега веќе затворената банка во Силициумската Долина
Американските регулатори ја затворија Силикон Валеј банк (СВБ), позната и како банка на технолошките стартапи, и притоа ја презедоа контролата врз депозитите на нејзините клиенти, што е најголемиот неуспех на една американска банка од 2008 година.
Банката тргна во надолна линија откако нејзините клиенти, главно работници во ИТ-секторот и компании со ризичен капитал, почнаа да ги повлекуваат своите пари.

Падот на банката од Силициумската Долина делумно се должи на агресивното зголемување на каматните стапки на Федералните резерви во изминатата година. По долгогодишните каматни стапки кои се движеа околу нулата, централната банка минатата пролет започна серија зголемувања на каматните стапки за да го поскапи задолжувањето за бизнисите и поединците – начин за изедначување на инфлацијата.
Независната владина агенција која ги осигурува банкарските депозити и ги надгледува финансиските институции (ФДИЦ) во петокот нареди затворање на банката на неопределен рок смирувајќи дека осигурените депозити ќе бидат достапни идната недела в понеделник наутро. Оттаму додаваат дека ќе биде исплатена авансна дивиденда во текот на следната недела на неосигурените штедачи.
Заклучно со декември, СВБ поседувала вкупен капитал во висина од 209 милијарди долари и депозити во вредност од 175,4 милијарди долари.
Експертите оваа ситуација ја споредуваат со воведот во големата финансиска криза од 2007 и 2008 година, кога во пресрет на глобалниот финансиски колапс пропаднаа две големи американски банки, Беар Стернс и Вашингтон мјутуал. Овие банки имаа слични големини на капитал како и СВБ.