Претседателот на македонското Собрание Џафери на средбата истакнала дека, покрај стратегиските приоритети на нашата надворешна политика, членството во НАТО и преговорите со ЕУ, Северна Македонија има интерес за интензивирање и зајакнување на соработката со земјите од Блискиот Исток во сите области од заемна корист
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари средба со делегацијата од Кнесетот (парламентот) на Израел, предводена од Хамад Амар, претседател на Парламентарната група за пријателство меѓу Израел и Северна Македонија. Делегацијата од Кнесетот престојува во официјална посета на земјава по повод одбележувањето на 80 години од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот „Треблинка“ за време на Втората светска војна.

На средбата, како што информираат од кабинетот на Џафери, тој покрај освртот на претстојните комеморативни настани ја споменал и декларацијата што Собранието ја донесе пред пет години, а по повод одбележување на 75 години од депортацијата на Евреите од Македонија.
„Со декларацијата се потврди трајната определба на Република Северна Македонија никогаш да не ги заборави своите 7 144 сограѓани Евреи, како и сите останати Евреи и други жртви на холокаустот“,
истакнал Џафери на средбата.
Преку Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, посочил претседателот на Собранието, се покажува и потврдува нашата определба за трајни пријателски врски со државата Израел и унапредување на билатералните односи на сите нивоа.
„Претседателот истакна дека е посебна чест што Република Северна Македонија минатата година стана 35-та полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот – IHRA, каде што соодветно, преку форумите на организацијата, ќе дава несебичен придонес кон светската меморија за холокаустот“,
се наведува во соопштението за средбата.

Претседателот на парламентарната група за пријателство меѓу Израел и Северна Македонија, Хамад Амар, рекол дека своја иницијатива побарал да биде претседател на Групата за соработка со Собранието на Северна Македонија, затоа што цени дека работата на групите за пријателства е исклучително важна за севкупниот развој на билатералните односи помеѓу земјите.
Тој рекол дека во Кнесетот, без оглед на различните политички провениенции, кога се работи за нашата земја, и власта и опозицијата се едногласни дека пријателството со Република Северна Македонија е од голема важност.
Амар ја искористил можноста да упати покана за возвратна посета на парламентарната група за соработка на Собранието на Република Северна Македонија во Кнесетот на Израел за да можат да разменат мислења во поглед на законодавната власт и подобрувањето на животот на граѓаните.
„Тој изрази благодарност за овогодинешната комеморација, и за Музејот на холокаустот, меѓутоа и за севкупната државна политика чиј што резултат е непостоење на антисемитизам во Република Северна Македонија“,
рекол тој.

Претседателот на македонското Собрание, Џафери исто така истакнала дека, покрај стратегиските приоритети на нашата надворешна политика, членството во НАТО и преговорите со ЕУ, Северна Македонија има интерес за интензивирање и зајакнување на соработката со земјите од Блискиот Исток во сите области од взаемна корист.
„Високо ја цениме конструктивната позиција на државата Израел во напорите за стабилизација и нормализација на односите во регионот на Блискиот Исток, како директен резултат на Абрахамскиот договор. Република Северна Македонија ги поздравува и силно ги поддржува сите напори за постигнување траен мир и стабилност во овој регион“,
рекол Џафери.
Покрај Амар, дел од делегацијата од Кнесетот е и Тсега Мелаку, членка на групата на групата за соработка. На средбата, како што информираат од кабинетот на Џаферим присуствувале и претседателката на пратеничката група на Собранието на С Македонија за соработка со Кнесетот на државата Израел Рашела Мизрахи, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и амбасадорката на Израел во земјава, Симона Франкел.
