Ова е втора ваква трагедија во Србија за неколку дена. Пред два дена во Нови Пазар во пожар загинаа четири деца

Две деца загинаа во пожар што денеска утрото избувнал во семејна куќа во селото Стара Моравица во Општината Бачка Топола, јави РТС.
Дечињата биле на возраст од една и три години, а според неофицијални информации две други дечиња успеале да избегаат од куќата и да се спасат од пожарот.
Пожарот избувнал во 8:20 часот, а бил локализиран во 8:45 часот. Зафатил три простории.
Со оглед дека станува збор за домаќинство што се грее на дрва, како што јавува РТС, претпоставката е дека искра завршила на еден од креветите и од тоа избувнал огнот.
Семејството што живее во куќата има вкупно осум деца, од кои четири во моментот на пожарот биле во училиште.
Пред два дена пожар избувна и во Нови Пазар каде што загинаа четири деца.