Според полицијата, првичните докази покажуваат дека се работи за самоубиствен напад кога напаѓачот удрил со мотоцикл во полицискиот камион по што тој се превртил
Во бомбашки напад што денеска се случи во југозападен Пакистан загинаа девет полицајци, а уште најмалку 13 лица се ранети. Се очекува бројот на жртвите да се зголеми бидејќи неколку повредени се во критична состојба.
Експлозијата се случила во Сиби, град на околу 160 километри источно од Квета, главниот град на провинцијата Белуџистан.
Според полицијата, првичните докази покажуваат дека се работи за самоубиствен напад.
Ројтерс пренесува дека напаѓачот со мотоцикл удрил во полицискиот камион кој потоа се превртил.
Ниту една група засега не ја презеде одговорноста за нападот.
Владата на Белуџистан го осуди нападот и рече дека истрагата е во тек.
Областа е опколена, а тим за деактивирање бомби е на самото место за собирање докази, велат властите.