Пороен дожд и грмотевици попладнево го зафатија Скопје, а во делови паѓа и град.
Во населбите Лисиче и Горно Лисиче може да се забележи и град со големина на орев.






УХМР утрово најави дека дожд ќе има во попладневните часови и во текот на ноќта.
За утре во Скопје исто така се најавува повремен дожд.
На територијата на целата држава, пак, утре се очекува променливо облачно со кратки сончеви периоди, но и повремени врнежи од дожд.