Утре, пак, ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Се очекува на некои места тие да бидат поројни и проследени со грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, но релативно топло, најавува УХМР.
Се очекува да дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени Целзиусови, а дневната од 11 до максимални 22 степени.
Во Скопје, исто така, ќе биде променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи до 5 степени, а дневната до 18 степени.
За утре (недела), пак, УХМР најавува променливо облачно, а кон крајот на денот во западните и северните делови се очекуваат врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта. Се очекува врнежите да се прошират и на некои места да бидат поројни и проследени со грмежи.
Утре ќе дува и засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој на повеќе места се очекува да биде со брзина над 60 километри на час.