Двајцата возачи – едниот македонски, другиот норвешки државјанин, им подлегнале на повредите и починале на местото на настанот. Во несреќата е тешко е повредена и 49-годишна Норвежанка која е пренесена во Клиничката болница во Битола
Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на излезот од Битола, на магистралниот пат што води кон Прилеп, објави МИА.
Според агенцијата, во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „цитроен ксара” управувано од 44-годишен прилепчанец со иницијали П.В. и патничко возило „цитроен Ц1″ управувано 64-годишен норвешки државјанин со иницијали З.Р., со кого патувала и 49-годишна Норвежанка со иницијали A.E.
Двајцата возачи – едниот македонски, другиот норвешки државјанин, им подлегнале на повредите и починале на местото на настанот. Четириесет и деветгодишната Норвежанка, пак, се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.
МИА објави дека сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот, а по неколкучасовен прекин, сообраќајот на релација Битола – Прилеп е нормализиран во 19:25 часот.