Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (20 февруари 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
– Недвижниот имот на Сашо Мијалков конфискуван во предметот „Империја“ вреди 15 милиони евра, а не 30 милиони, како што првично соопшти Обвинителството; Ова може дополнително да влијае на довербата на граѓаните во судството и во обвинителството – коментираат од „Сите за правично судење“;
– Во струшко Лабуништа го побаравме здружението на Бугари „Шемето“: Кога има Македонци со српска самосвест или Албанци со американска самосвест, не е чудно да има и Албанци со бугарска самосвест – вели претседателот на здружението, Бекир Кадриевски;
– Слика од Скопје 2023: Вработен во подземната гаража „Кресненско востание“ патува со велосипед од куќичката за наплата до влезот за рачно да ги отвора/затвора рампите зашто системот не ги препознава месечните карти;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.