Тимовите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) кои се упатија да помогнат во справувањето со последиците од катастрофалните земјотреси што го погодија југоистокот на Турција во понеделникот, спасиле преживеана жена.


Од ДЗР објавија и видео од дел од спасувачката акција и наведоа дека станува збор за извлекување на 38-годишна жена во градот Адијаман.
„Спасувачите при Дирекцијата за заштита и спасување извлекоа жива жена од урнатините на урнатата зграда во Турција во петокот, што предизвика овации од присутните 114 часа откако беше закопана од огромниот земјотрес кој предизвика уништување низ целиот регион. Екипите внимателно ја подигнаа 38-годишната Мелтем Унсал на носилки покрај скршени бетонски блокови и искривен метал до амбулантно возило“,
велат од ДЗС.
Вчера и македонскиот армиски тим кој се наоѓа во Турција учествуваше во извлекувањето на петгодишно дете од под урнатините во градот Кахманмараш.