Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (10 февруари 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат
Драматични резултати донесе последното истражување на јавното мислење насловено „Еврометар“. Едвај 49 отсто од испитаниците се согласуваат дека членството на Северна Македонија во ЕУ би било добра работа, што е пад од цели 20 процентни поени во споредба со ланската анкета. Во ова издание на „360 степени“ се обидуваме да влеземе малку подлабоко во наодите од анкетата – резултатите ги анализираме преку етничката припадност на испитаниците, но и преку нивната партиска определеност. Димитар Николовски, извршен директор на „Евротинк“, за чии потреби беше работено истражувањето, открива дел од вкрстените податоци што досега не се јавно споделени. Во дебатата учествува и новинарот Џелал Незири, кого го прашуваме и колку гласа ќе добијат кандидатите за нови министри во Владата при гласањето во парламентот.
Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.