Епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје на Елбасан, со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала денеска во 11:57 часот е регистриран во близина на албанскиот град Елбасан. Потресот во земјава бил почувствуван со послаб интензитет во Преспа, Охрид и околината.

„Епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје на Елбасан со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала“,
соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот бил на длабочина од два километри, со епицентар на 23 километри источно од Елбасан и 10 километри југоисточно од градот Либражд.
⚠Preliminary info: #earthquake (#tërmet) about 20 km E of #Elbasan (#Albania) 18 min ago (local time 11:57:36)❗MAGNITUDE NOT AVAILABLE YET❗Updates at:
— EMSC (@LastQuake) February 9, 2023
?https://t.co/LBaVNedgF9
?https://t.co/AXvOM7I4Th
?https://t.co/wPtMW5ND1t pic.twitter.com/y7tZQCewaJ
