Најмладите, кои најмногу му се радуваат на снегот, последниот викенд од зимскиот распуст ќе може да уживаат во вистинската зимска идила на Попова Шапка.
Еден од најстарите и најголемите ски-центри во Македонија утрово се разбуди со снежна покривка од 26 сантиметри, а за убавите пејзажи на Шапка денеска сведочи и фотогалеријата што може да ја погледнете во продолжение.







