Како што се наведува во соопштението на Инспекторатот објавено на Фејсбук, цементарницата „Усје“ почнала со користење природен гас (наместо мазут н.з.) како гориво во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати во котларата за загревање на фабриката. Согласно А-интегрираната еколошка дозвола што ја има добиено, фабриката извела соодветен приклучок за мерење на емисиите на штетни гасови со акредитирана метода и од денеска почнала со мерење на емисијата на гасови од оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина
Од Инспекторатот претходно соопштија дека доколку се утврди оти Цементарницата „Усје“ не постапува согласно решението од Инспекторатот, од ДИЖС ќе поднесат барање за поведување на прекршочна, односно кривична постапка пред надлежните органи и ќе отпочнат постапка за одземање на добиените дозволи и овластувања на фабриката
Цементарницата „Усје“ ги исполнила задолженијата што и ги постави Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во врска со емисијата на штетни гасови од двата котли за греење во цементарницата, соопштија од Инспекторатот по контролниот инспекциски надзор извршен денеска.
Имено, по спроведените мерења на емисија на гасови во Цементарницата „Титан – Усје“ во Кисела Вода на 3 и 4 јануари, кои покажеле трипати поголеми количини на гасови од дозволеното, ДИЖС на 12 јануари донесе решение со кое на фабриката ѝ определи задолженија што треба да ги исполни во рок од пет дена поради утврдените недостатоци.
Како што се наведува во соопштението на Инспекторатот објавено на Фејсбук, цементарницата „Усје“ почнала со користење природен гас (наместо мазут н.з.) како гориво во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати во котларата за загревање на фабриката.
Согласно А-интегрираната еколошка дозвола што ја има добиено, фабриката извела соодветен приклучок за мерење на емисиите на штетни гасови со акредитирана метода и од денеска почнала со мерење на емисијата на гасови од оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина.
„Правниот субјект на ден 17.01.2023 година започна со вршење мерења на сите емисиони точки од производните процеси со акредитирана лабораторија за животна средина“,
се наведува во соопштението од инспекцискиот надзор.
Од ДИЖС информираат оти утврдиле дека една од двете печки, конкретно печката број 4 во саботата престанала со редовна работа и ќе биде на ремонт, кој ќе трае 45 дена, а потоа ремонт кој ќе трае исто така 45 ќе се прави и на печката број 3.
За ова, како што се наведува, Државниот инспекторат бил писмено известен.
„Поради кратки сервисни активности печката бр.3 била сопрена на ден 22.12.2022 година, а повторно пуштена во работа на ден 23.12.2022 година (писмено известен ДИЖС). Вонредниот инспекциски надзор на ден 30.12.2023 година беше ненајавен, а во период 3-4.1.2023 година како што претходно извести ДИЖС извршено е мерење на ПМ10 во кругот на горенаведениот субјект со акредитирана лабораторија за животна средина“,
наведуваат од Инспекторатот.
Оттаму информираат дека Цементарницата „Усје“ А-дозволата за усогласување со оперативен план ја поседуваше од 2011 година, а нејзина измена била направена во 2013 година.
А-интегрираната еколошка дозвола, велат од ДИЖС, фабриката ја поседува од 2020 година.
Од Инспекторатот претходно соопштија дека доколку се утврди оти Цементарницата „Усје“ не постапува согласно решението од Инспекторатот, од ДИЖС ќе поднесат барање за поведување на прекршочна, односно кривична постапка пред надлежните органи и ќе отпочнат постапка за одземање на добиените дозволи и овластувања на фабриката.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во четвртокот, минатата недела на вонредна прес-конференција рече дека при вонредни контроли во Цементарницата „Титан – Усје“ на 26 и 27 декември лани и 3 и 4 јануари годинава било измерено дека фабриката испушта трипати поголеми количини ПМ 10 честички од дозволеното. Поради поголемиот испуст на гасови и загадување на воздухот, Арсовска објави дека поднесува кривична пријава против Цементарницата.
Од Цементарницата „Усје“, пак, ја демантираа Арсовска велејќи дека во јавноста изнела неосновани ставови и додадоа оти месецов не биле измерени повеќе од дозволените емисии, а во декември воопшто не биле правени мерења.
Мерењата на 3 и 4 јануари, како што посочија од компанијата, покажале дека нема корелација помеѓу работата на цементарницата и квалитетот на воздухот во градот бидејќи резултатите од сите емисии точки во производствениот процес покажале оти границите не се надминати, а концентрацијата на ПМ 10 честичките измерени во фабриката биле дури и помали од други мерни места во градот.
Во однос на тоа дека за загревање на просториите во фабриката користеле мазут наместо гас, од „Усје“ посочија дека тоа е е прекршување бидејќи овој енергенс е дозволен согласно А-интегрираната еколошка дозвола што ја поседуваат. Но, наведуваат дека биле регистрирани отстапувања кај еден од параметрите, а согласно тоа, како што посочија, ќе ги имплементираат препораките на инспекторатот и ќе направат замена на енергенсот со природен гас.