Денеска времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, инфромираат од Упрватата за хидрометеоролошки работи (УХМР)
Минималната температура ќе се движи во интервал од два до шест Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од пет до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната ќе достигне до осум Целзиусови степени.
Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи претежно од снег, велат од УХМР.