Некои медиуми шпекулираат дека сопственикот на сплавот еден час пред инцидентот бил информиран дека во објектот влегува вода и дека истрагата ќе биде отежната бидејќи комплетната документација и видеонадзорот се неупотребливи со оглед на тоа што, како што пишуваат некои медиуми, завршиле во вода. Се огласи и тимот што управува со сплавот
Обвинителот денеска треба да ги сослуша трите лица што беа уапсени поради делумното потонување на сплавот „Фристајлер“ на новогодишната ноќ. Тие несомнено ја сносат одговорноста за тој инцидент, посочува Н1, но и дека пропуст направиле и градските и републичките власти кои со закон биле обврзани да проверат дали сопствениците на сплавовите ги почитуваат прописите. Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, објаснува дека објектите, за кои вели дека се врзани за крајбрежјето, во моментов немаат регулиран статус и најавува подобрување регулативата.
„Тој сплав не плови, стои и отсекогаш стоел, и секој од тие сплавови стои и се третира како предмет што плови, а тоа е главниот проблем“,
вели Шапиќ.
Неофицијално, кога почнало тонењето, на сплавот имало повеќе од 700 луѓе, а регистриран е за 220.
„Како можеме да контролираме нешто што формално не постои? Тие објекти се врзани за брегот и уште не знаеме колку луѓе може да има во тие околности, а за тоа треба да формираме комисија и да дефинираме“,
вели тој.
Шапиќ најавува дефиниција за новиот статус што ќе го добијат сплавовите, како што објаснува, врз основа на одлуката за развој на крајбрежјето, изгласана во октомври, а градоначалникот очекува дека при воведувањето ред ќе има поддршка од медиумите и јавноста. Тој вели и дека одговорните за инцидентот во новогодишната ноќ треба да одговараат и материјално и кривично.
Некои медиуми шпекулираат дека сопственикот на сплавот еден час пред инцидентот бил информиран дека во објектот влегува вода и дека истрагата ќе биде отежната бидејќи комплетната документација и видеонадзорот се неупотребливи со оглед на тоа што, како што пишуваат некои медиуми, завршиле во водата. Се огласи и тимот што управува со сплавот.
„’Фристајлер’ нема да работи поради годишниот одмор и новосоздадената ситуација. Отворањето ќе го објавиме на нашите социјални мрежи“,
се наведува.
Уапсениот сопственик, директор и управител на сплавот се осомничени дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност, а во врска со кривичното дело предизвикување јавна опасност. Обвинителот треба да ги сослуша во среда, а адвокатите на гостите што ја дочекаа Новата година бегајќи од сплавот што тоне им порачуваат дека имаат право на надомест и за нематеријална и за материјална штета.