Капитенот на Португалија рече дека добил понуди да ирга во клубови од Бразил, Австралија, САД и Португалија, но дека му дал збор на саудискиот клуб и додаде дека во Саудиска Арабија дошол да ирга, да победува и да биде дел од успехот на земјата
Саудискиот фудбалски клуб Ал Наср денеска на прес-конференција официјално ѝ го претстави на јавноста својот нов играч – Кристијано Роналдо.

На прес-конференцијата на стадионот „Марсул Парк“, Роналдо рече дека неговата работа во Европа е завршена, а дека сега за цел има да руши рекорди и во Азија.
„Мојата работа во Европа е завршена. Таму освоив сè, играв во најважните и најголемите клубови во Европа. Ова е нов предизвик во мојот живот, во мојата кариера да играм овде во Азија. Благодарен сум што Ал Наср даде можност да го направам ова, не само за фудбалот, туку и за сите генерации што доаѓаат“,
рече Роналдо на прес-конференција.

Капитенот на Португалија додаде дека добил понуди од клубови од Бразил, Австралија, САД и Португалија, но дека му дал збор на саудискиот клуб.
„Сакам да го сменам менталитетот на новата генерација. Имав многу можности во Европа и многу клубови во Бразил, Австралија, САД, па дури и во Португалија. Многу клубови се обидоа да ме ангажираат, но јас му дадов збор на овој клуб. Знам што сакам, а знам што не сакам. За мене добар предизвик е да се сменам и со моето знаење и искуство да помогнам за развивање на многу важни точки овде. Сакам да дадам поинаква визија за земјата, за фудбалот. Затоа ја искористив оваа можност“,
изјави Роналдо.
Фудбалерот додаде дека во Саудиска Арабија дошол да ирга, да победува и да биде дел од успехот на земјата.
„Знам дека лигата е многу конкурентна. Подготвен сум да уживам во ова и да играм фудбал“,
додаде тој.
По прес-конференцијата, португалскиот репрезентативец ја доби својата нова опрема и се поздрави со своите соиграчи во соблекувалната на стадионот „Марсул Парк“.
#PHOTOS : @Cristiano rencontre ses coéquipiers d’@AlNassrFC #HalaRonaldo https://t.co/CZNLWSwypk pic.twitter.com/yELGWNF0Cu
— Arab News French (@ArabNewsfr) January 3, 2023
Роналдо потоа истрча на теренот на стадионот каде беше спектакуларно претставен пред фановите кои ги преполнија трибините на стадионот на Ал Наср во желба да ја поздрават најголемата ѕвезда што некогаш потпишала за клуб од арапските земји.
Капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо официјално му се приклучи на клубот Ал Наср од Саудиска Арабија откако на 30 декември потпиша двегодишен договор за соработка.