Обвинителството од Кочани бара казна од 2 000 евра за граѓанин кој не ја почитувал мерката за самоизолација.
Тој на 16 март се вратил од земја со висок ризик на зараза и потпишал изјава дека ќе седи во самоизолација во својот дом, но по два дена ја прекршил мерката и отишол во полициската станица во Кочани.
Обвинителството сега бара парична казна за него како обвинет за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.