Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во својот вечерен извештај информира дека поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри на патните правци Битола – Прилеп – Плетвар, Кичево – Македонски Брод, Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Катланово и Кочани – Штип, а на патот Тетово – Групчин видливоста е до 150 метри.

Оттаму упатуваат апел за внимателно возење и приспособување на брзината на движење со условите на патот.
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничниот премин „Табановце“ за излез од државата се чека околу еден час, а за влез околу 40 минути. На граничниот премин „Пелинце“, пак, за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Маглата од вчера го отежнува и авиосообраќајот на Меѓунариодиот аеродром Скопје. Како што информираа од ТАВ „Македонија“, компанијата која стопанисува со скопскиоt аеродром, од синоќа од 20 часот до денеска до девет часот, поради густата магла во скопската котлина откажани биле девет лета, а четири биле пренасочени.
Оттаму ги упатуваат патниците да ја следат состојбата официјалната веб-страница (skp.airports.com.mk) во делот „Летови“ (Заминувања/Пристигнувања) каде ќе се појават евентуални промени во распоредот на летови.
„Доколку им се потребни дополнителни информации, патниците можат да се јават на шалтерот за информации, кој работи 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333“,
додаваат од ТАВ „Македонија“.
Од Упрвата за хидрометеоролошки работи информираат дека продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините вклучувајќи ја и скопската котлина и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. Утре ќе дува умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието поради што преодно ќе се намалат условите за магла.