Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи на градските гробишта Бутел положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Киро Глигоров, соопшти владината прес-служба.
Денеска се навршуваат 11 години од смртта на првиот претседател на Република Северна Македонија, Киро Глигоров кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум, ја прогласи независноста на државата.
Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.
„Претседателот Глигоров во сите негови чекори визионерски го избираше патот напред кон стабилна иднина и ја виде државата како заеднички дом за сите. Веруваме дека денес би бил горд затоа што Република Северна Македонија успешно ја развиваме во тој правец“,
стои во владиното соопштение.