Посветено, секој ден, екипата на „360 степени“ се трудеше да ги задоволи интересите на своите верни читатели и следбеници на социјалните мрежи за актуелните случувања

Во целата оваа година на вести, брзо и проверено информирање, се трудевме да ви ги овозможиме најважните домашни и светски наслови. Посветено, секој ден, екипата на „360 степени“ се трудеше да ги задоволи интересите на своите верни читатели и следбеници на социјалните мрежи за актуелните случувања. Отворивме многу чувствителни теми дома, а заслужено бевме и наградени за некои од нив.
Во продолжение ви ги претставуваме петте најгледани стории и видеа објавени на нашиот сајт и на нашите канали на социјалните мрежи во изминатите 365 дена. Нивната популарност, ја направија вашите „кликови“ и реакции.
Среќна Нова 2023 година! Со искрени желби за многу здравје и успех и во новата година…
5 најгледани стории на „360 степени“ за 2022 година:
„360 степени“ три дена ги следеше и регистрираше случувањата околу популарниот струшки затвор. ВИП-станарите ги немаше меѓу оние што излегуваат наутро за да одат на работа и се враќаат навечер за да преспијат. Директорот Ваљон Ќура вели дека одговорно може да тврди оти привилегирани осуденици нема, како и дека куќниот ред целосно се почитува
Жители на струшката населба Теферич сведочат за неред и бегства од затворот. Тие бараат негова дислокација зашто е сместен среде населбата и на прометна улица. Директорот Ќура вели дека овдешните осуденици се од низок ризик, а дека и тој би сакал помодерен и пофункционален објект на друга локација но, како што вели, за тоа одлучуваат други инстанци.
(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград
„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај името на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград
Причината за затворањето на здружението регистрирано во 2019 година е процесот кој уште истата година го почнува тамошното обвинтелство, но сега добива правна разврска
(ВИДЕО) Скривниците во Градски ѕид: Некогаш градени по стандарди, сега оставени супстандардни
Проверивме во каква состојба се дел од скривниците во Скопје – под згради, како на пример во Градски ѕид, но и на јавни површини. Не дека војната е на врата, туку зашто ако треба да се користaт ќе биде доцна да се прашува зошто се такви – какви што се и кој е одговорен за тоа
Се обративме до Владата со прашања: со колку јавни засолништа располага државата, колку се подготвени за евакуација на население и дали се планираат систематски активности за враќање на нивната функционалност. Единствениот одговор оттаму е дека во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување се 100 засолништа од кои 12 се на територијата на Скопје. Велат дека Дирекцијата работи според план за реновирање и досега подновиле пет засолништа во главниот град и три во Велес. Каде точно се наоѓаат, одговор не добивме
Вечерта кога се отвори, веднаш беше и искршен Центарот, но од тогаш мислам дека навистина има голема промена во смисла на тоа дека хомофобијата не е веќе алатка што некоја политичка структура ја употребува за дневно-политички да дефлектира внимание, така што живееме во едно помирно време и тоа е една голема промена, вели Кочо Андоновски, програмски директорот на ЛГБТИ Центарот за поддршка
Неодамнешно истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка откри дека дури 81% од граѓаните во земјава не би сакале за сосед да имаат припадник на ЛГБТИ-заедницата
Кога државата ќе те направи кираџија во своја куќа – четири семејства од Скопје 15 години се по судови поради незаконски спроведена денационализација.