„360 степени“ доби вкупно 33 извештаи по спроведени вонредни надзори во исто толку клиники низ земјата – „операција“ која ја спроведе Фондот за здравствено осигурување по случајот со надоместотиците за дежурства на медицинската директорка на Клиниката за Детски болести, д-р Аспазија Софијанова. На 26 декември објавивме сторија за дел од наодите, а сега ги објавуваме сите документи – интегрално како што ги добивме
Меѓу заклучоците на контролата беа дека има четири директори (освен тие на Клиниката за Детски болести) кои земале повисоки плати поради употреба на погрешен (повисок) коефициент при пресметка на основна плата. Има и неколку спорни случаи каде директори биле дежурни или биле евидентирани дека се на работа кога требало да бидат на одмор или на службен пат
Според вонредните финансиски контроли на Фондот за здравствено осигурување, поранешната медицинска директорка на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, земала околу 14 000 евра повеќе на име на дежурства во интензивна нега само оваа година. Организацискиот директор на истата клиника, Аљедин Мемеди, пак, земал повисока плата поради погрешен коефициент на сложеност. Двајцата ги напуштија функциите, а Софијанова веќе и ги вратила парите, потврди министерот за здравство, Беким Сали.

Според документите кои ги доби „360 степени“ преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, повисоки плати поради грешен коефицент имале уште најмалку четири директори на клиники:
– медицинскиот директор на Ревматологија, Башким Османи (коефициент 8,435 наместо 8,07)
– организацискиот директор на Ревматологија, Хисен Амети (коефициент 8,435 наместо 6,379)
– организацискиот директор на Психијатрија, Љубиша Новотни (коефициент 8,07 наместо 6,379)
– организацискиот директор на Хематологија, Флутим Кадриу (коефициент 7,703 наместо 6,379)
На прашањата на „360 степени“, сите засегнати клиники одговорија дека пресметката била резултат на грешка/толкување на Поединечните колективни договори. Коефициентите за пресметка на плата веќе се коригирани а договорена е и динамика за враќање на вишокот исплатена плата.
Во некои болници, пак, има примери каде контролорите наишле на директори кои биле дежурни во денови кога требало да бидат на одмор или на службен пат – како, на пример, на Инстутот за радиологија. На прашањата на „360 степени“ од Институтот соопштија инакви факти од оние во извештајот на Фондот – дека директорката не го користела одмор во наведените датуми и дека не дежурала во ден кога била на службен пат (во извештајот се вели дека изјавила дека дежурала веднаш по враќањето од службениот пат).
Еден од директорите на хируршките клиники, пак, редовно има над 10 дежурства месечно. Во месец март, на пример, 13 пати.
Во сторијата и текстот погоре се содржани (според нас) главните наоди од извештаите по спроведените вонредни финански контроли на клиниките, а кои ги доби „360 степени“.
Подолу, пак, ги објавуваме интегрално сите 33 извештаи кои ги добивме:
1.Вонредна контрола на УК за ТОАРИЛУЦ
2. Вонредна контрола на УК за Гинеколигија и акушерство
3. Вонредна контрола на УК за Хируршки болести
4. Вонредна контрола на УК за Дигестивна хирургија
5. Вонредна контрола на УК за Државна кардиохирургија
6. Вонредна контрола на УК за Неврохирургија
7. Вонредна контрола на УК за Очни болести
8. Вонредна контрола на УК за Торакална хирургија
9. Вонредна контрола на УК за Детска хирургија
10. Вонредна контрола на УК за Урологија
11. Вонредна контрола на УК за Уво, нос и грло
12. Вонредна контрола на УК за пластична хирургија
13. Вонредна контрола на УК за хирургија на лице, вилици и врат – Максилофацијална хирургија
14. Вонредна контрола на УК за Радиотерапија и онкологија
15. Вонредна контрола на УК за Кардиологија
16. Вонредна контрола на УК за Детски болести
17. Вонредна контрола на УК за Хематологија
18. Вонредна контрола на УК за Неврологија
19. Вонредна контрола на УК за Инфективни болести
20. Вонредна контрола на Универзитетски стоматолошки клинички центар
21. Вонредна контрола на УК за Нефрологија
22. Вонредна контрола на УК за ревматологија
23. Вонредна контрола на Универзитетски Институт за Радиологија
24. Вонредна контрола на УК за Гастроентерохепатологија
25. Вонредна контрола на УК за Пулмологија и алергологија
26. Вонредна контрола на УК за Физикална медицина
27. Вонредна контрола на УК за Токсикологија
28. Вонредна контрола на УК за Психијатрија
29. Вонредна контрола на УК за Ендокринилогија
30. Вонредна контрола на УК за Дерматологија
31. Вонредна контрола на Клиничка болница – Битола
32. Вонредна контрола на Клиничка болница – Тетово
33. Вонредна контрола на Клиничка болница – Штип