Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва изјави дека воведува забрана за движење на национално ниво во обид да се запре ширењето на пандемијата од Ковид-19, јави ДПА.
„Сега е време сите да направиме повеќе. Мора да останете дома“,
порача Џонсон преку видео-порака.
Џонсон кажа дека единствени исклучоци од забраната ќе бидат луѓето кои ќе ги напуштат своите домови заради купување, медицински потреби или дневно вежбање со членови на семејството или сами.
Мерките ќе бидат повторно разгледани на 11 април, рече Џонсон, додавајќи дека полицијата е задолжена да ги спроведе, пренесе ДПА.