Нјамладиот пациент заболен од коронавирус во земјава има две години, а највозрасниот има 91 година.
Според деталниот извештај што го објави Институтот за јавно здравје најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години.
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 66 лица од машки пол и 70 лица од женски пол.
Досега во земјава се регистрирани вкупно 136 лица заболени од коронавирусот, од кои една пациентка е излекувана, а двајца починаа.
Најмногу заболени по градови има во Скопје вкупно 81 пациент. Дебар е втор на листата со 40 заболени, а потоа доаѓаат Штип со 7, Куманово со 3, во Кавадарци и Охрид по двајца и еден во Гостивар.