Очигледно е дека Русија не сака преговори, туку се обидува да избегне одговорност, напиша Подољак на Твитер
По изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека се подготвени да преговараат за Украина, веднаш стигна одговор од украинските власти.
Михаило Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Владимир Путин мора да се врати во реалноста, откако рускиот лидер изјави дека Москва е подготвена за разговори.
„Очигледно е дека Русија не сака преговори, туку се обидува да избегне одговорност“,
напиша Подољак на Твитер.
Подољак во твитот додаде дека Русија еднострано ја нападнала Украина и ги убива нејзините граѓани, нагласувајќи дека во оваа ситуација „нема други држави, мотиви и геополитики“.
Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за државната телевизија рече дека Москва е подготвена да преговара за крај на војната, но ги обвини Украина и Западот дека одбиваат да направат компромис.
„Подготвени сме да преговараме со сите за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив. Не сме ние тие што одбиваат да преговараат, тие одбиваат“,
изјави рускиот претседател.
Путин вели дека дејствуваат во вистинската насока, а исто така тврди дека е „100 отсто“ сигурен дека Русија ќе ги уништи американските ракети „Патриот“ во Украина и го критикуваше Западот за обидот да ја „распарчи“ Русија.