Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала бил регистриран утринава во близина на Загреб. Според податоците од Сеизмолошката служба, земјотресот се случил во 11 часот и 12 минути, а епицентарот бил на четири километри северно од главниот град.
Во текот на ноќта биле регистрирани околу 30 послаби потреси, а според првичните проценки од силниот земјотрес што се случи вчераутро во Загреб, оштетени се повеќе од 5 500 објекти.
Земјотресот се случи во 6:24 часот во неделата наутро и беше со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала. Во потресот се повредени 27 лица, од кои 18 потешко, а едно 15-годишно девојче е во критична состојба.