Со влегувањето на сила на овој Договор, се додава во соопштението, се овозможува, на барање на нашата држава, да се распоредат полициски службеници на Фронтекс на критичните точки на границата, заедно со полициските службеници на С Македонија. Тоа, како што се наведува, ќе придонесе кон зголемување на нивото на соработка, размена на искуства и знаење како и можност да се користи целата опрема на Фронтекс
Договорот треба да се ратификува (во Собранието н.з.) за да биде дел од внатрешно правниот поредок на државата. По спроведувањето на постапката за ратификација, за тоа ќе биде известена правната служба при Европската комисија
Владата на денешната 112. седница го утврди Предлогот на Закон за ратификација на Договорoт помеѓу С Македонија и Европската Унија за оперативните активности на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) во земјава, соопшти вечерва владината прес-служба.

Овој Договор, според образложението од МНР, отвора можност за воспоставување на заеднички операции на Европската Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на територијата на Република Северна Македонија, се вели во информацијата од Владата.
„Позитивно се оценува склучувањето на овој меѓународен договор којшто ќе придонесе да се воспостави правна рамка согласно новата Регулатива 2019/1896 за Европската гранична и крајбрежна стража, којашто ќе овозможи Агенцијата за европската гранична и крајбрежна стража да ги распоредува своите тимови на територијата на Република Северна Македонија, управување со границите, како и заедничко спречување на прекуграничниот криминал“,
се наведува во соопштението.
Со влегувањето на сила на овој Договор, се додава во соопштението, се овозможува, на барање на нашата држава, да се распоредат полициски службеници на Фронтекс на критичните точки на границата, заедно со полициските службеници на С Македонија. Тоа, како што се наведува, ќе придонесе кон зголемување на нивото на соработка, размена на искуства и знаење како и можност да се користи целата опрема на Фронтекс.
„Најважен придонес со потпишувањето на овој Договор, според посоченото од МНР, е засилување на безбедноста на граѓаните на Република Северна Македонија, како рамноправен партнер со останатите земји-членки на ЕУ, преку споделување на одговорностите за заедничка безбедност на границата на земјите во Европа“,
се посочува во соопштението од Владата.
Договорот треба да се ратификува (во Собранието н.з.) за да биде дел од внатрешно правниот поредок на државата. По спроведувањето на постапката за ратификација, за тоа ќе биде известена правната служба при Европската комисија.
Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс, беше потпишан на 26 октомври, оваа година. На потпишувањето на Договорот присуствуваше и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која со делегација на ЕК беше во официјална посета на земјава.
Од име на ЕУ Договорот го потпишаа амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва како претставник на чешкото претседателство со Советот на ЕУ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон беше дел од делегацијата на Фон дер Лајен. Од македонска страна, пак, потпис стави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Договорот е потпишан на македонски јазик.