Капитенот Лионел Меси прв излезе од авионот, држејќи го златниот трофеј, а потоа тој и неговиот тим поминаа по црвениот тепих на аеродромот. Фудбалерите беа пречекани со овации додека толпата пееше, а тие, стоејќи на отворената палуба, им мавтаа на своите обожаватели
Фудбалската репрезентација на Аргентина која го освои Светското првенство во Катар пристигна дома во Буенос Аирес во раните утрински часови во вторникот и беше пречекана со масовни толпи кои се собраа на улиците и го бодреа враќањето на нивните шампиони, објави Си-ен-ен.
Капитенот Лионел Меси прв излезе од авионот, држејќи го златниот трофеј, а потоа тој и неговиот тим поминаа по црвениот тепих на аеродромот. Фудбалерите беа пречекани со овации додека толпата пееше, а тие, стоејќи на отворената палуба, им мавтаа на своите обожаватели.
Кога тимскиот автобус тргнуваше од аеродромот, веднаш беше преплавен од навивачки приврзаници облечени во националните бои на Аргентина.
На видеото објавено од Си-ен-ен се гледа како автобусот полека се движи напред со полициска придружба, опкружен со десетици илјади луѓе кои го веат аргентинското знаме.
Стотици илјади навивачи се очекува да бидат на улиците на главниот град на Аргентина подоцна во текот на денот, кој е прогласен за национален празник поради победата на националната фудбалска репрезентација над Франција на Светското фудбалско првенство на Катар.