Учениците се евакуирани и се пуштени дома
Утрово дојави за бомби се стигнати до неколку училишта во Скопје. Како што дознава „360 степени“, станува збор за основните училишта „Гоце Делчев“, „Димитар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ – сите во Општина Аеродром. Учениците се евакуирани и се пуштени дома.
Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ потврдија дека утрово има пријави за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, а подетални информации најавија за подоцна.