Официјални лица велат дека голем дел од уништувањето се случило во куќи изградени на парцели без официјална дозвола, а како проблем го наведуваат и тоа што иако властите забрануваат населување во областа, „луѓето секогаш се враќаат“
Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите и лизгањето на земјиштето во Киншаса, главниот град на ДР Конго, по силниот дожд, соопшти полицијата.
Премиерот Жан Мишел Сама Луконд рече дека потрагата по исчезнатите се уште е во тек и дека „примарната штета забележана при проценката е човечка“.

Околу 12 милиони луѓе живеат во 24-те населби во Киншаса кои се погодени од поплавите. Локалните власти соопштија дека има жртви, дека се поплавени куќи и уништени патишта.
Повеќе од 30 луѓе загинаа во областа Нгалиема, а телата на сите загинати се уште не се избројани, изјави градоначалникот на областа Алид’ор Тшибанда. Во друг дел од градот загинаа пет членови на едно семејство.
Официјални лица велат дека голем дел од уништувањето се случило во куќи изградени на парцели без официјална дозвола, а како проблем го наведуваат и тоа што иако властите забрануваат населување во областа, „луѓето секогаш се враќаат“.
На социјалните мрежи беа прикажани цели делови од градот поплавени со матна вода и патишта со големи дупки.
Киншаса, лоцирана на местото на поранешните рибарски села на бреговите на реката Конго, стана еден од најголемите мегаградови во Африка. Брзата, но лошо регулирана урбанизација ја направи Киншаса многу ранлива на поплави и обилни дождови, кои стануваат се почести поради климатските промени.