Владата во рамки на своите ингеренции, обезбедува и понатаму ќе обезбедува услови за непречено и независно функционирање на судството, но ние сите заедно како општество мора да дадеме свој придонес во решавањето на корупцијата и секако да се осигураме дека судството како фела ќе изнајде решение кое ќе е по највисоки демократски стандарди и принципи и кое ќе обезбеди и денес и во иднина неприкосновена независност и интегритет во работењето, вели премиерот
Она што на Владата и е важно, додава тој, е да се отстрани од јавниот дискурс прашањето за политичко или партиско влијание врз судството
Премиерот Ковачевски е оптимист дека до 2030 година С Македонија може да стане членка на Европската Унија, но главниот услов за тоа ќе биде решавањето на проблемите со корупцијата, судството и обвинителството, кои, како што вели, ќе бидат предмет на анализа од страна на ЕУ.
Премиерот е категоричен дека земјава „апсолутно има преговарачки капацитети за да спроведе реформи во сите области“.
„Во изминативе 10 месеци имаме историски напредок, ние не стоевме во место како што тоа беше случај цели 11 години со ВМРО-ДПМНЕ. Ние и пред да почнеме со преговорите имавме 45 проценти усогласеност со ЕУ законодавството, тоа не е случајно секако, тоа е производ на напорна и посветена работа на институциите. Оваа Влада и ние како одговорни политичари немаме само декларативни заложби за да ја видиме земјата во ЕУ. Ние, на повеќе пати, на дело покажавме како се работи кога се имаат на ум државните стратешки цели. По 11 години блокада, ние сме земја членка на НАТО, и имаме отпочнати преговори со ЕУ“,
посочува премиерот.
Во врска со состојбите со корупцијата и во правосудството, Ковачевски вели дека не може и не сака да си дозволи мешање во судската власт, но наведува дека сите заедно како општество мора да дадеме свој придонес во решавањето на овие прашања.
„Ние имаме и капацитет имаме и институции кои се доволно оспособени со стручни кадри кои можат да ги завршат преговорите и кои ќе ни овозможат да станеме членка на ЕУ до 2030 година. Но секако, ова значи дека посветеноста на решавање на проблемите со корпуцијата, со судството и обвинителството ќе бидат предмет на разгледување и анализа од страна на ЕУ. Секако, судската власт е независна власт, јас ниту сакам ниту дозволувам мешање во нивната работа. Владата во рамки на своите ингеренции, обезбедува и понатаму ќе обезбедува услови за непречено и независно функционирање на судството, но ние сите заедно како општество мора да дадеме свој придонес во решавањето на корупцијата и секако да се осигураме дека судството како фела ќе изнајде решение кое ќе е по највисоки демократски стандарди и принципи и кое ќе обезбеди и денес и во иднина неприкосновена независност и интегритет во работењето“,
вели Ковачевски.
Она што на Владата и е важно, додава тој, е да се отстрани од јавниот дискурс прашањето за политичко или партиско влијание врз судството.
„Затоа апелираме што поскоро да се обезбеди простор од страна на судските авторитети за изнаоѓање на демократко, системско решение кое ќе обезбеди долгорочно унапредување на владеењето на правото. Сето ова секако нема да е краток процес, но ние, ако сакаме да сме земја членка на ЕУ, едноставно, мора да го направиме тоа, а ние како Влада, посветено ќе работиме да овозможиме услови“,
вели премиерот Ковачевски во интервју за МИА.