Претседателот на ВМРО ДПМНЕ смета дека исплатата на обврските кон приватните превозници треба да се обезбеди преку владата, со трансфер односно позајмица до Град Скопје или од рабатот за нафта која што ја набавува ЈСП. Тие пари, како што обвинува Мицкоски, сега завршуваат кај луѓе блиски до СДСМ, роднини на Арсовска или луѓе од сметководствениот бизнис.
„Мојот совет и до Ковачевски и до Арсовска е кога ќе се среќаваат тајно наместо да договараат провизии од рабатот кој што треба да го добие Јавното сообраќајно претпријатие да најдат начин да го решат проблемот затоа што секојдневно скопјани се жртви на оваа пинг понг коалиција која што ние ја нарековме коалиција на хаосот“,
вели тој.
Оправдувањата на градоначалничката Арсовска во однос на тендерот за набавка на горива за ЈСП Скопје изнесени во синоќешното интервју за „360 степени“ за Мицкоски се бледи.
„Поништете го тендерот ако овој не сака да дава рабат или пак да не завршува кај вас во џеб, поништете го тендерот, распишете нов и да ги повикаме сите компании во Македонија да учествуваат на новиот тендер и јас ви гарантирам дека ќе учествуваат и ќе има рабат. Многу едноставно треба тоа да биде и може веднаш уште утре да се направи, но некој сака двогодишен договор на 1 милион и 450 илјади литри нафта да заработи повеќе од милион ипол евра. Толкав е рабатот милион ипол евра“,
истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.