Кој ќе игра во второто полуфинале ќе се знае утре кога ќе се одиграат останатите две четвртфиналиња

Репрезентацијата на Аргентина е вториот полуфиналист на Светското првенство во фудбал што се игра во Катар.
Аргентинците ја победија Холандија на пенали откако во првите 90 минути резултат беше 2:2. Во продолженијата резултатот не се менуваше, па победникот се реши со изведување пенали во кои Аргентина победи со 4:3.
Во полуфиналето на 13 декември Аргентина ќе игра против Хрватска која во претходното четвртфинале го победи фаворизираниот Бразил.
Другата полуфинална двојка ќе се знае утре. Во второто полуфинале ќе се соочат победниците од дуелите Англија – Франција и Мароко – Португалија.