Противникот на Хрватска во првото полуфинале ќе се знае вечерва по натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина
Хрватска е првиот полуфиналист на Мундијалот, на пенали го победи Бразил
Хрватска е првиот полуфиналист на Светското првенство во Катар. Во првиот четвртфинален меч, Хрватите ги победија фудбалерите на Бразил.
Првите 90 минути од натпреварот завршија нерешено со 0:0, по што се играа продолженија два пати по 15 минути.
Во продолженијата и „кариоките“ и „коцкестите“ постигнаа гол, а по нерешените 1:1, кој ќе се пласира во полуфиналето се одлучуваше на пенали во кои победија Хрватите со 4:2.
Противникот на Хрватска во првото полуфинале ќе се знае вечерва по натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина.