Интервјуто се снима попладнево, а ќе се емитува вечерва од 22 часот на ТВ Алсат
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, е вечерашната гостинка во дебатното издание на емисијата „360 степени“. Интервјуто се снима попладнево, а ќе се емитува вечерва од 22 часот на ТВ Алсат.
Дел од темите на кои ќе се разговара во интервјуто со скопската градоначалничка се актуелните случувања во главниот град, од кои, најпоследно, протестите на приватните автобуски превозници кои бараат исплата на милионскиот долг од страна на ЈСП „Скопје“ кон нив.
Во интервјуто ќе стане збор и за раскинувањето на политичката коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и тензијата на релација Арсовска – Мицкоски, како и за големите проекти – дел ветени од неа во изборната кампања, дел почнати од претходната локална власт во главниот град.
Интервјуто ќе се емитува вечерва од 22 часот на ТВ Алсат.