Потврда за новите дојави има и од МВР од каде најавуваат повеќе детали наскоро
Нови дојави за бомби пристигнале на електронските пошти на неколку средни училишта во Скопје. Засега, според информациите на 360 степени, дојави имало во средните училишта „Орце Николов“ и „Владо Тасевски“.
Како што можевме да забележиме, учениците од СУГС „Владо Тасевски“ во моментов се евакуираат од училишните простории, а полицијата врши проверки.
Потврда за новите дојави има и од МВР од каде најавуваат повеќе детали наскоро.
Пред два дена, дојави за поставени бомба стигнаа на електронските адреси на Народната банка на РСМ и на девет средни училишта во Скопје.