По добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР
Во основното училиште во Крива Паланка, по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот
Втор ден по ред има дојави за бомби во основни училишта. Денеска три скопски и едно кривопаланечко основно училиште на своите електронски адреси добиле дојави за поставени бомби.
Утринава во 7:30 часот на електронските адреси на три скопски основни училишта стигнале дојави за поставени експлозивни направи.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во Скопје кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и е утврдено дека станува збор за лажни пријави.
„Денеска, околу 07:30 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и е утврдено дека станува збор за лажни пријави“,
известуваат од МВР за МИА.
Денеска и во Општина Крива Паланка целосно се евакуирани објектите на основно училиште од градот по претходно добиена дојава за бомба.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово ја потврдија информацијата.
„Денеска, околу 11 часот во СВР Куманово, во полициска станица Крива Паланка било пријавено дека на електронската адреса на едно основно училиште во Крива Паланка е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.
Ова е втор ден да има пријави за поставени бомби во основни училишта. Вчера, закани за поставена експлозивна направа преку мејл беа упатени до две основни училишта, „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4 и „Кочо Рацин“ во Центар.
По пауза од две недели, вчера повторно осум училишта во главниот град на своите електронски адреси добија дојави за поставени бомби во своите објекти.
Последниот пат кога училиштата во главниот град добија закани за поставени експлозиви во своите објекти беше на 16 ноември. Тогаш се утврди дека сите седум дојави за поставени бомби во скопските училишта се лажни.
Скопските средни училишта изминатиот период повеќепати добиваа закани за поставени бомби, за кои полицијата утврди оти се лажни.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вчера, на панел-дискусија „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи” во рамки на Петтата пленарна сесија на Национална конвенција за ЕУ во Северна Македонија, прашан за тоа како се справуваме како држава со хибридните закани, особено ако се земе предвид фактот дека многу училишта добија дојави за поставени експлозивни направи, рече дека во тој контекст се и дојавите за поставување експлозивни направи во скопски средни училишта и оти во МВР прашањето се третира со максимална сериозност.