Европскиот пратеник од Полска, Адам Јарубас е заболен од коронавирусот, информираше самиот на својот профил на Твитер.
„Се тестирав за COVID 19 и тестовите се позитивни. Во моментов сум во болница и се чувствувам добро“,
напиша Јарубас на Твитер.

Јарубас е првиот регистриран случај на коронавирусот меѓу членовите на Европскиот парламент. Тој е член на Европската народна партија, а последен пат бил во Европскиот парламент на 9 и 10 март, па се вратил во Полска на 11 март.
Прес службите на Европскиот парламент порачаа дека се информирани и дека за сега не се познати други случаи на заразени европратеници.
Во другите институции на ЕУ веќе се познати повеќе случаи на заразени, вклучително и директор од Европската комисија кој имал бројни контакти пред да биде детектиран.
И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера најави дека ќе побара да биде тестирана откако главниот преговарач на ЕУ со Велика Британија за Брегзит, Мишел Барние, самиот потврди дека е заразен.