Бројката на заразени од коронавирусот во земјава достигна 70. Денеска се регистрирани уште тројца пациенти кои се позитивни на тестовите, како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Тој појасни дека едната пациентка е жена која патувала во Србија, заразена е и бабата на девојчето од Штип и уште еден пациент од Скопје.
Претпладне беше соопштено дека уште 19 лица се позитивни на тестовите на корона вирусот. Со новите три случаи, бројката е заокружена на три. Филипче рече дека засега, генерално, пациентите се стабилни.