Џ.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна кривична пријава, информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово
Во селото Слатино приведен е 47-годишник поради пронајден кокаин и мини лабораторија, информира полицијата. Полицајците од СВР Тетово го привеле лицето по претходно обезбедена судска наредба и претрес во домот на осомничениот.
„Кај 47-годишниот Џ.Н. во тетовско Слатино при претресот, пронајден е кокаин и мини лабораторија во која кокаинот се подготвувал за продажба, три дигитални ваги и рамка со 8 куршуми пиштолска муниција, калибар 7, 62 милиметри. Џ.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна кривична пријава“,
информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Осомничениот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.