Премиерот Јанез Јанша рече дека сите што поради коронавирусот работат повеќе ќе добијат и повеќе пари
Словенечката влада донесе одлука за зголемување на платите на лекарите и медицинскиот персонал, но и на министрите, премиерот и владините службеници.
Како што јави МИА до Љубљана, ова, според владата, било потребно бидејќи овие луѓе извршувале работни обврски во вонредни услови.
Премиерот Јанез Јанша во обраќањето до нацијата рече дека сите оние што поради коронавирусот работат повеќе, ќе добијат и повеќе пари.
„Ако еден лекар работи двојно повеќе поради справувањето со последиците од коронавирусот, тој ќе добие и двојно поголема плата“,
рече Јанша.
Според одлуката на владата, сега токму премиерот Јанша ќе зема највисока можна плата предвидена со закон, односно 5 200 евра бруто-плата месечно. Одлуката за повисоки плати важи и за министрите и за нивните соработници.