Во разговор со полицијата, вработената го признала делото
Против 53-годишна вработена во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје e поднесена кривична пријава откако од пациент кој бил на лекување во болницата зела платежна картичка и со неа пазарела на повеќе места. По пазарењето, таа ја вратила картичката.
Во разговор со полицијата, вработената го признала делото.
„По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“,
соопшти МВР.