Пенов е приведен по пријава на Игнатов, кого најпрво вербално, а потоа физички го нападна
Човекот кој денеска го нападна снимателот на ТВ 24 Љубиша Игнатов е приведен во полициска станица Кисела Вода.
Пенов е приведен по пријава на Игнатов, кого најпрво вербално, а потоа физички го нападна.
Исказ во полиција дал и снимателот на ТВ 24 и новинарот Александар Тодевски кој исто така беше цел на вербален напад од Пенов.
Од МВР потврдуваат дека го лишиле од слобода лицето кое денеска нападна снимател на ТВ 24.
„Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода М.П. (67) од Скопје, постапувајќи по пријава од Љ.И. (42) од Скопје, снимател во ТВ 24, дека денеска околу 14:20 часот на ул. Пржино во Скопје бил физички нападнат од М.П.. Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од ЕНК при СВР Скопје преземени се мерки и активности и напаѓачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка“,
се наведува во соопштението на Министерството.
Како што посочуваат од МВР, за настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а по извршената консултација и добиените насоки од него, против М.П. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „Насилство“.
Љубиша Игнатов, снимател за ТВ 24 попладнево бил нападнат со боксови во скопската населба Пржино, каде заедно со неговата новинарска екипа се обидел да сними прилог пред куќата која била пријавена како престојувалиште на украинскиот бизнисмен Онишченко, за кој неодамна се дозна дека добил македонски пасош. Екипата на ТВ 24 ја нападнал сопстевникот на куќата, Миле.
Здружението на новинарите на Македонија испрати реакција од МВР и институциите очекувајќи итна истрага за случајот, осудувајќи го насилството.
На снимката од ТВ 24 може да се види дека сопственикот на куќата ги соблекува панталоните и го покажува половиот орган кон камерата.